Претседателот на САД, Доналд Трамп ќе успори со планираното повлекување на американските сили од Сирија, изјави сенаторот Линдзи Греам изјави по средба со американскиот лидер во Белата куќа.

– Сметам дека сме во состоја ба пауза, изјави Греам и додаде дека „ги успоруваме работите на еден разумен начин“.

Трамп овој месец нареди повлекување на речиси две илјади американски војници од Сирија. Сенаторот Греам го критикуваше тој потег со образложение дека повлекувањето на сите сили на САД од Сирија ќе и наштети на националната безбедност.