Американскиот претседател Доналд Трамп побара трилион долари за одбранбени трошоци во буџетот, што е значително зголемување од сегашниот буџет за национална безбедност од 893 милијарди долари.

Ова се рекордни издвојувања за одбраната на Соединетите Американски Држави, објави Си-Ен-Ен.

Трамп предложи скапи одбранбени проекти, вклучувајќи го и системот за ракетна одбрана „Златна купола“, да бидат вклучени во буџетот.

„Ќе поддржам рекордна инвестиција од еден трилион долари во нашата национална одбрана“, рече Трамп во вторникот во базата на Националната гарда во американската држава Мичиген. Тој истакна дека тоа ќе биде најголемиот буџет за одбрана во светот.