Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека е подготвен делумната блокада на американската Влада која почна на 22 декември, да трае со години.
По состанок со највисоки функционери на Демократската партија, Трамп рече дека може да прогласи вонредна ситуација за да заобиколи мислење на Конгресот и изгради ѕид на границата со Мексико. Тој наведе дека нема да потпише никаков предлог закон додека не се одобрат средства за финансирање на ѕидот на границата на САД и Мексико за што демократите одлучно се спротиставуваат.
Во изјава за новинари тој призна дека се заканил за блокада на федералните агенции со години ако тоа биде потребно.
– Да, го реков тоа, апсолутно тоа го реков, изјави Трамп. Многу сум горд да го работам тоа што го работам. Јас тоа не го нарекувам затворање, јас тоа го нарекувам да се работи она што мора да се работи за доброто и безбедноста на нашата држава.
– Може да прогласам вонредна ситуација и да биде ѕидот изграден многу брзо, рече Трамп.