Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред судот во Мајами за да се соочи со федералните обвиненија.
„Скај њуз“ го праша поранешниот претседател како се чувствува пред неговото појавување на суд, а Трамп одговори: „Одлично“.
Тој беше обвинет за незаконско задржување доверливи документи и за лажење на службениците кои се обиделе да ги вратат, но Трамп тврди дека е невин и вети дека ќе ја продолжи кампањата за изборите во ноември 2024 година.
„Се надевам дека целата земја гледа што и прави радикалната левица на Америка“, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social пред да замине од Њу Џерси.
Трамп е првиот поранешен или сегашен претседател кој се соочува со кривични пријави, но правните експерти велат дека тоа не го спречува да се кандидира за функција или да ја преземе функцијата претседател дури и ако е осуден.