Американскиот претседател ја продолжи вербалната војна против својот украински колега.

Овој пат Доналд Трамп изјави дека Зеленски не е доволно важен за да биде на состаноците, мислејќи на потенцијалниот мировен договор во Украина за кој, наводно, разговараат САД и Русија, но без присуство на Украина.

„Мислам дека Зеленски не е доволно важен за да биде на преговорите“, рече Трамп во интервју за Фокс Радио.

Трамп беше критикуван дека ги изостави Европа и Украина од разговорите со Москва претходно оваа недела, поради стравувањата дека САД би можеле да го принудат Киев да направи отстапки за да се постигне договор со Русија.

Другите западни лидери го предупредија Владимир Путин дека нема „апетит“ за мир, но Трамп во истото интервју рече дека верува во спротивното.

„Тој не мора да се согласи со договорот. Затоа што ако сакаше, ќе ја добиеше целата земја“, рече Трамп.

Кога водителот Брајан Килмид му рече дека Путин е виновен за војната, Трамп одговори: „Уморен сум да го слушам тоа“.

Минатата недела патувањето на неговиот министер за финансии во Киев го нарече губење време. Американскиот министер за финансии Скот Бесент отиде во Украина за да види каков ќе биде американско-украинскиот договор за минерали.

„Искрено, посакувам да не отидеше таму, така да го троши времето“, рече Трамп.