Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека размислува да воведе карантин во државите Њујорк, Њу Џерси и Конектикат за намалување на ширењето на коронавирусот.
Трамп рече дека размислува за карантин, но истовремено повика и на што побрзо закрепнување на економијата.
– Бројот на заразени во Њујорк надмина 52.000 лица, изјави гувернерот на државата Ендру Куомо.