Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не се плашат од потенцијално испраќање копнени сили („чизми на земја“) во Венецуела, по извештаите за заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

– Не се плашиме од чизми на земја, рече Трамп на прес-конференцијата во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида. „И мораме да имаме, имавме чизми на земја синоќа, на многу високо ниво. Всушност, не се плашиме од тоа“.

– Не ни пречи да го кажеме тоа, но ќе се погрижиме таа земја да се води правилно, додаде Трамп.

Претходно, Трамп објави дека Соединетите Држави сакаат да го преземат раководството во Венецуела на преодна основа.

– Ние ќе ја водиме земјата додека не обезбедиме безбедна, уредна и претпазлива транзиција, рече тој.

Американскиот државен секретар Марко Рубио нагласи дека Мадуро имал избор.

– Овој тип имаше повеќекратни можности да си најде пат на друго место и да смисли нешто друго. Можеше да живее на друго место токму сега, многу среќен, но наместо тоа сакаше да се прави „голем фраер“, рече Рубио за Мадуро, кого американската влада го смета за нелегитимен на функцијата.

– И така сега, знаете, тој има друг сет проблеми во своите раце, додаде Рубио. (МИА)