Претседателот на САД, Доналд Трамп продолжува да зборува за економскиот потенцијал на Северна Кореја откако нагласи дека успех во преговорите за денуклеаризација со нејзиниот лидер Ким Џонг Ун може да помогнат за таа држава да стане „голема економска сила“.
Трамп тоа го кажа на средба со виетнамскиот претседател Нгуен Суан Фук кого го пофалил дека завршил „многу голема работа за кратко време во економската област“.
– Виетнам може да биде пример на Северна Кореја за идните економски насоки, нагласи тој.
– До вечер ќе заминам на средба со претседателот Ким, и се надевам дека таа ќе биде успешна. Ќе видиме што ќе се случи. Тој верувам, сака исто да направи нешто големо, изјави Трамп.