Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше како нелегална истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер и изрази надеж дека надлежните ќе ги истражат и делата во Демократската партија.
Трамп тоа го рече дека откако беше објавено дека истрагата на Малер покажа дека изборниот штаб на американскиот претседател не соработувал со Русите за време на претседателската кампања во САД во 2016 година.
Истрагата спроведена од американското Министерство за правда пред Конгресот покажа дека ниту Трамп ниту неговите соработници не соработувале со Русија.
-Срамно е што нашата земја мора да помине низ ова. Искрено, срамота е што вашиот претседател мораше да помине низ ова. Да се надеваме дека некој ќе ја провери другата страна, изјави Трамп .
-Америка е најголемото место на земјата, нагласи Трамп.
Од самиот почеток на истрагата Трамп отфрлаше каква било поврзаност на луѓе од неговата претседателска кампања со Русија, оценувајќи дека тоа претставува „лов на вештерки“/