Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Њујорк тајмс“ вели дека загубил многу пари откако е во Белата куќа.
– Оваа функција не ми носи материјални бенефити. Таа води до расходи и загуби. Јас сепак, го сакам тоа што го правам. Се чувствувам добро, изјави Трамп.
Претходно американски медиуми објавија дека голем број делегации отседнувале во ресторани кои се дел од синџир на Трамп и тоа им донело поголеми профити.