Царинската и гранична заштита на САД информираше дека паметните телефони и компјутерите нема да бидат опфатени со новите американски царини за кинески производи, јавуваат дел од западните медиуми.
Имено одлуката следува откако претседателот Доналд Трамп претходно овој месец воведе царини од 145% за низа производи од Кина, потег што се очекуваше да има значително влијание врз технолошките компании како „Епл“, која ги произведува своите „Ајфон“ телефони и повеќето други уреди во Кина.
Новите упатства за царините вклучуваат изземање и за други електронски уреди и компоненти, како што се лаптопи, полупроводници, соларни ќелии, екрани за телевизори со рамен панел, УСБ-стикови, мемориски картички и ССД-дискови за складирање податоци.
Иако овие производи може во иднина да подлежат на дополнителни давачки, се очекува тие да бидат пониски од стапката од 145% што беше првично наметната од администрацијата на Трамп за стоки од Кина.
За потсетување дека Доналд Трамп предизвика вистински светски економски земјотрес кога најави воведување „реципрочни“ тарифи или царини за речиси сите земји во светот, за неколку дена подоцна да ја одложи примената на оваа мерка, освен за Кина, на која и воведе царини од