Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кому му е забранет пристап до Твитер од јануари, за три месеци ќе се врати на социјалните мрежи со своја платформа.
Тоа го објави денеска советникот на Трамп Џејсон Милер.
„Мислам дека ќе го видиме претседателот Трамп повторно на социјалните мрежи за веројатно два до три месеци, со своја платформа“, изјави Милер за „Фокс њуз“, но не даде детали за таа нова платформа.