Цените на акциите на европските производители на автомобили паднаа синоќа откако германски магазин објави дека американскиот претседател идната недела може да воведе царини за увоз на автомобили.
Повикувајќи се на извори во ЕУ, „Виртшафтвохе“ објави дека на маса кај Трамп има извештај од американското Министерство за трговија.
– За воведување царини Трамп би можел да одлучи во недната недела по самитот на Г20 во Буенос Аирес, објави магазинот.
Американското Министерство за трговија демантираше дека на Трамп му предале извештај по спроведена анализа дали увезените возила и автоделови се закана за американската нацонална безбедност. Тој извештај е клучен за одлуката за евентуално воведување царини.
На 12 ноември медиуми објавија дека извештајот е испратен на разгледување во американски сојузни агенции.
Трамп со месеци се заканува со воведување царини за сите автомобили што се монтираат во ЕУ, што од темел би ја погодило таа индустрија во делот што е базиран за продажба во САД.