На 96 дена пред одржување на американските претседателски избори, актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп преку твит посака одложување на изборите закажани за ноември до моментот кога американските граѓани ќе можат правилно, безбедно и сигурно да гласаат.
„Со универзално гласање по пошта (а не гласање во отсуство, што е добро), изборите во 2020 година ќе бидат најизмамничките во историјата. Тоа ќе биде голем срам за САД“, напиша Доналд Трамп на својот Твитер профил.
Трамп нема овластувања да го одложи одржувањето на претседателските избори, при што, какво било одложување, мора да биде одобрено од американскиот Конгрес, јавуваат Си-ен-ен и Би-би-си.
Претходно Трамп напиша дека демократите постојано зборуваат за странско мешање во изборите, а гласањето по пошта дава извонредна можнпост за тоа.