Тифани Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, роди син.

Таа веста ја објави на Инстаграм.

Тифани Трамп и нејзиниот сопруг Мајкл Боулс го крстија својот син Александар Трамп Боулс, што значи „бранител на народот“ или „воин“, по големиот Александар Македонски. Внукот на Трамп ги носи презимињата на двајцата родители.

„Добредојде на светот, наше слатко момче, Александар Трамп Боулс. Те сакаме повеќе отколку што можат да се изразат зборовите. Ти благодариме што дојде во нашите животи“, напиша Тифани Трамп покрај фотографијата на која ги допира стапалата на своето бебе.

 

View this post on Instagram