„Стапката на убиства во Вашингтон денес е повисока од онаа во Богота, Колумбија, Мексико Сити, некои од местата за кои слушате дека се најлошите места на земјата. Многу повисока. Ова е многу повисока стапка. Бројот на обиени автомобили се дуплирал во последните пет години, а бројот на кражби на автомобили се зголемил повеќе од трипати“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во врска со неговата одлука да распореди 800 припадници на Националната гарда во Вашингтон.

Коментирајќи ја состојбата во главниот град на САД, тој даде и малку невообичаена изјава, но изјава што ја доловува суштината на неговата одлука и решеноста да се справи со проблемите:

„Татко ми секогаш велеше, имав прекрасен татко, многу паметен, и тој велеше: „Сине, кога ќе влезеш во ресторан и ќе видиш валкана влезна врата, не влегувај, бидејќи ако влезната врата е валкана, и кујната е валкана.“ Истото важи и за главниот град. Ако нашиот главен град е валкан, целата наша земја е валкана и не нè почитуваат“, рече Трамп.

Тој се осврна и на проблемите на Американците со здравството:

„Имаш право да отидеш на лекар, а ние ќе платиме за тоа. И ќе оздравиш многу брзо. Не мора да чекаш шест недели, осум недели, месеци како што правеа тие“, изјави Трамп алудирајќи н асостојбите кои ги затекнал, а за кои како виновник го посочи неговиот претходник.