Американскиот Апелациски суд денеска ја потврди пресудата од 30 декември минатата година дека претседателот Доналд Трамп треба да и исплати пет милиони долари на поранешната колумнистка Елизабет Џин Керол.
Керол (81) го обвини Трамп дека ја сексуално ја нападнал во 1996 година, а во октомври 2022 година ја навредил во објава на социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), во која напишал дека тоа не е вистина.
Поротата во мај 2023 година утврди дека Трамп сексуално ја нападнал Керол и ја навредил. Но, поротата не утврди дека Трамп ја силувал Керол, како што тврди таа.
Трамп посебно се жали на пресудата од јануари 2024 година, според која на Керол треба да и плати 83,3 милиони долари за клевета и нарушување на угледот.
Трамп во 2019 и 2022 година ги негираше обвинувањата на Керол, велејќи дека таа „не е негов тип“ и дека го измислила обвинението за силување за да ги промовира своите мемоари.