Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе биде официјално обвинет на судско рочиште денеска околу 22:00 часот по средноевропско време за заговор за поништување на неговиот пораз на изборите во 2020 година.
Пред судењето, поранешниот републикански претседател случајот го нарече доказ за „корупцијата, скандал и неуспехот“ на претседателствувањето на Џо Бајден. Во Вашингтон за сослушувањето е зголемено обезбедувањето, пишува Би-Би-Си. Веќе има два процеси против Трамп, но тој се уште се подготвува за претседателските избори кои ќе се одржат следната година. Обвинението од четвртокот се смета за најсериозно.
„Ми треба уште едно обвинение за да се обезбеди победа на изборите“ напиша Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Social Truth“ непосредно пред да го напушти својот дом во Њу Џерси и да се упати кон Вашингтон.
Трамп го сподели и моментот кога се упати кон судот.
„Сега одам во Вашингтон, каде што ќе ме уапсат бидејќи се соочив со корумпирани, наместени и украдени избори. Голема чест е затоа што ќе ме уапсат поради вас. Да ја направиме Америка повторно голема!!!“ напиша Трамп.