Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека кандидат на демократите, со кој ќе се соочи на претседателските избори во ноември 2020 година, ќе биде Џо Бајден или Берни Сандерс, двајца седумдесетгодишни како него.
!Според мое мислење, пред-изборите ќе се одиграат меѓу заспаниот порочен Џо и и луцкастиот Берни“, напиша тој на Твитер, меѓу две пораки за трговските преговори со Кина.
„Сите други исчезнуваат со брзината на светлината”, додаде тој, алудирајќи на околу дваесетина кандидати на демократите.
Трамп го напаѓа Бајден
За неколку недели, републиканскиот милијардер често ги напаѓа Џо Бајден, поранешен потпретседател во администрацијата на Барак Обама, што може да значи дека го смета за силен противник.