Aмериканскиот претседател Доналд Трамп веројатно ќе ја овласти армијата да ги штити имиграциските службеници распоредени долж американско-мексиканската граница ако бидат изложени на закани од мигранти кои се обидуваат да преминат во САД, тврди американски висок претставник.
Во моментот, армијата нема овластувања да ја штити имиграциската служба и пограничните сили.
САД вчера извесно време го затворија најпрометниот граничен премин од мексиканскиот град Тихуана кон Сад Диего за да додадат бетонски блокови и жица во очекување на илјадиници мигранти кои може да се пробијат преку границата. Тој премин го користат илјадници мигранти од Мексико кои работат во САД.
Околу 6.000 мигранти од Централна Америка стигнаа до пограничните мексикански градови Тихуана и Мексикаллија, а кон Тихуана се движат уште околу 10.000 мигранти.