Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин сака да ја заврши војната и дека му е потешко да се справи со Украина, велејќи дека „ќе ја поправи и ќе ја запре“.
Во интервју за Фокс Бизнис што ќе се емитува викендов, чии делови објави денеска Индипендент, на прашањето дали верува дека Путин сака да ја заврши војната, Трамп одговори дека тоа го прави.
„Мислам дека ни оди многу добро со Русија, а тие во моментов ја бомбардираат Украина. Искрено, тешко ми е да се справувам со Украина. Тие немаат никакви адути“, рече Трамп.
Како што додаде, „ќе го поправиме и ќе го запреме“.
Запрашан дали Путин ја користи паузата во испораката на американската воена помош за Украина, Трамп рече дека мисли дека го прави она што би го направил некој друг.
„И мислам дека тој напаѓа посилно отколку што напаѓаше. И мислам дека веројатно секој на таа позиција би го правел тоа сега“, нагласи тој.
Американскиот претседател, исто така, и се закани на Русија со „масивни“ санкции и царини како одговор на разорните ракетни напади врз украинските градови во текот на ноќта, повикувајќи ги двете страни „да седнат на маса сега, пред да биде предоцна“.
Запрашан зошто САД не ѝ обезбедуваат на Украина противвоздушна одбрана за да го спречат Путин да ги бомбардира, Трамп рече дека треба да знае дека двете страни сакаат да постигнат договор.
„Не знам дали тие сакаат да склучат договор. Трамп, исто така, во интервјуто откри дека испратил писмо до иранскиот врховен водач Али Хамнеи барајќи нов договор со Техеран за запирање на неговата нуклеарна програма која брзо напредува, заменувајќи го договорот од кој ја повлече Америка за време на неговиот прв мандат.
Тој рече дека напишал писмо во кое изјавил дека се надева на преговори, бидејќи, како што рече, ако треба да се ангажираат воено, „тоа би било страшно“, пренесува Танјуг.