Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан, јавува Ројтерс, повикувајќи се на добро информирани извори.

„Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан е првиот човек на кој му се изречени економски санкции и забрана за патување, на иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп“, се наведува во написот.

Се уште не е познат целосниот список на лица против кои се воведени санкции. Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот во САД и забрана за влез во земјата, а беа воведени како дел од одмазднички мерки против истрагите против американските граѓани или сојузниците на САД.

Да потсетиме, Трамп претходно потпиша извршна наредба за санкции против МКС поради неговите активности против Вашингтон и неговите сојузници, како што е Израел.

Ова е, инаку, судијата кој претходно поднесе барање за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лвова-Белова.

Судот ја обвинува Русија дека наводно депортирала деца, кои руските власти всушност ги спасувале од украинските напади со тоа што ги изнесувале од борбената зона.

Русија не ја признава јурисдикцијата на МКС и какви било одлуки на судот за Москва се ништовни, пренесува Спутник.