Пентагон можно е да испрати уште неколку илјади војници на границата со Мексико кон која се движи караван од мигранти од Централна Америка кои бегаат од насилства и мизерија во своите држави. Тоа го тврди висок американски претставник според кого на југозападната американска граница може да бидат испратени 5.000 војници.
Тоа е многу повеќе отколку 800-те колку што беше соопштено минатата недела.
Во овој момент според американски медиуми, се прават анализи во Пентагон и засега не е донесено конечно решение за бројноста на војниците кои ќе бидат таму распоредени.
Во тој реон веќе се испратени дополнително 2.000 војници.
„Голем број членови на банди се во караванот што се движи кон нашата јужна граница. Ве молам, вратете се бидејќи нема да може да влезете во САД доколку не поминете низ легален процес. Ова е инвазија врз нашата држава и нашата војска ве чека“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.