Претседателот Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата Мексико, во обид да обезбеди повеќе пари за својот долг ѕид, спроведувајќи широка интерпретација на неговите претседателски овластувања, што е сигурно дека ќе привлече суштински правни предизвици.
Во неговото прогласување вонредна состојба синоќа, Трамп објави темна слика на границата како „главна влезна точка за криминалците, членовите на банди и дрогаи” и која им се заканува на „основните национални безбедносни интереси”.
Генерално, сепак, илегалните гранични премини се намалени од високото ниво од 1,6 милиони во 2000 година, јавија американски медиуми.
-Сите знаат дека ѕидовите функционираат, изјави американскиот претседател кој го спомена и зборот „инвазија“ како причина за изградба на ѕидот.
– Илегалната декларација што почнува од непостоечка криза е жесток удар врз нашиот Устав и ја прави Америка помалку безбедна, напишаа претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и шефот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер.
Трамп нагласи дека е свесен оти му следува правна битка.
– За среќа, ќе победиме, рече тој укажувајќи дека има доверба во конзеравативните судии во Врховниот суд.
Државите Њујорк и Калифорнија веднаш најавија судска постапка за да ја поништат одлуката на Трамп.
– Ќе се видиме на суд, напиша Гавин Њусом, гувернер на Калифорнија.
Одборот за прави прашања во Претставничкиот дом во кој контрола имаат демократите најави веднаш отворање парламентарна истрага.