Старо-новиот англиски шампион Манчестер сити ќе му дозволи да си замине на својот фудбалер Лирој Сане доколку се договори со Баерн Минхен.
Според “Кикер’, тренерот на англискиот тим, Пеп Гвардиола, е подготвен да му дозволи да си оди на 23-годишниот играч од средниот ред, иако граѓаните би сакале тој да остане во нивните редови. Сепак, Сане одби неколку предлози за продолжување на договорот, кој истекува летото 2021 година Во Сити не сакаат да го загубат како слободен играч по две сезони и затоа се подготвени да го продадат ова лето.
Сане можеше да оди во Баерн пред сезоната 2016/17, но поради високата конкуренција на неговата позиција одби д аоди во Мин хен.
Сега раководството на германскиот шампион гледа во Сане гледа идеална замена за играчите од средниот ред Френк Рибери и Арјен Робен, кои го напуштаат клубот.
Во сезоната 2018/19, Сане настапи на 47 натпревари за Манчестер сити, постигна 16 гола и оствари 18 асистенции.