Фудбалерот на англиски Вулверхемптон, Адама Траоре, се наоѓа во необична ситуација, кога треба да одбере за која репрезентација сака да настапува.
Брзиот напаѓач најави дека го одбрал Мали, земјата на неговите родители, но после повредата на Родриго Морено, се појави информација дека шпанскиот селектор го повикал Траоре да биде во комбинација за настап во дресот на „црвената фурија“ за мечевите со Малта и Романија.
Траоре е роден во Шпанија, играше за јуниорската селекција на Шпанија, но бидејќи уште не дебитирал за сениорската, може да се премисли и да игра за друга репрезентација. Изборот не му е лесен. Во Мали би бил клучен играч, но со Шпанија би се борел за големи трофеи.