Британската премиерка Лиз Трас денеска се обиде да ја смири својата партија и јавноста, изјавувајќи дека требало да стори повеќе за подобро „да го подготви теренот“ во обид да ја минимизира реакцијата на пазарот поради која фунтата падна на рекордно ниско ниво и се зголемија трошоците за задолжување на владата.
На првиот ден од годишната конференција на нејзината владејачка Конзервативна партија, Трас, која на чело на партијата и владата дојде пред помалку од еден месец, покажа помек тон додека се обидуваше да ја увери јавноста дека ќе се грижи за неа во текот на тешката зима и периодот што следи.
Но, таа се задржа до својот „план за раст“, што беше критикуван од инвеститорите и економистите за дополнителните трошења од милијарди фунти, нудејќи многу малку детали за тоа како тој ќе се исплати на краток рок.
-Ја разбирам нивната загриженост за она што се случи оваа недела, изјави Трас за „Недела со Лора Куенсберг“ на Би-би-си.
„Останувам на пакетот што го објавивме и стојам на фактот дека брзо го објавивме затоа што моравме да дејствуваме, но прифаќам дека требаше подобро да го подготвиме теренот“, рече таа.