Оригиналната актерска екипа од серијалот „Хари Потер“ ќе биде повторно обединета 20 години по првиот филм. Специјалното издание на „Ејч-би-о макс“, со наслов „Враќањето во Хогвортс“ ќе биде објавено на 1 јануари 2022 година, соопшти стрим-платоформа.
Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон ќе му се придружат на американскиот режисер Крис Колумбус за да разговараат за филмовите и да го истражат нивното создавање. Специјалното издание ќе им прикаже на обожавателите магично патување во прво лице низ еден од најомилените филмски серијали на сите времиња, како што соопшти „Ејч-би-о макс“.
Програмата е објавена точно 20 години од американското прикажување на првиот филм – „Хари Потер и Каменот на мудроста“, на 16 ноември 2001 година.
Трејлерот од 52 секунди прикажува исечоци од неколкуте светски познати филмови и ветува дека легендарната актерска екипа ќе се врати таму каде што магијата започна. На триото ќе му се придружат и други ѕвезди, како Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Ралф Фајнс, Џејсон Ајзакс, Гери Олдман, Имелда Стаунтон и Том Фелтон.
Трејлерот можете да го погледнете на овој ЛИНК.