Брус Вилис ненадејно се пензионираше на почетокот на оваа година поради тешка болест, наречена афазија, целосно престана да снима и му се посвети на семејниот живот.
Тоа беше своевиден шок за обожавателите, кои сѐ уште се навикнати да погледнат по неколку негови нови филмови во годината. Само оваа 2022 година се објавени 11 филмови со Вилис, снимени и продуцирани пред повлекувањето на глумецот, а наскоро ќе се појави уште еден, кој најверојатно ќе му биде претпоследен, оти и „Атентатор“, којшто треба да се појави пролетта е во постпродукција.
Продолжението на „Детектив Најт: Независност“ (Detective Knight: Independence) треба да излезе на 20 јануари. Вилис ја продолжува својата улога на детективот Џон Најт, кој овојпат ќе гони неурамнотежен возач на брза помош кој сака да предизвика хаос на Денот на независноста на САД. Во филмот глумат и Дина Мејер, Вилоу Шилдс и синот на Вал Килмер – Џек.
Семејството на Брус Вилис во март потврди дека нему му била дијагностицирана афазија – состојба на мозокот што може да доведе до губење на способноста за разбирање или говор. Глумецот оттогаш целосно се повлече од јавниот живот.