До вторник треба да бидат објавени антикризните мерки за ублажување на последиците од енергетската криза, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
– Во финална верзија се мерките кои ќе значат поддршка на најранливата категорија на граѓани. Овие денови до вторник ги финализираме заедно со министерот за финансии и економскиот тим на Владата. Следната недела многу скоро ќе биде објавено кои групи ќе бидат опфатени и колкава ќе биде поддршката што граѓаните ќе ја добијат во следниот период се со цел да излеземе во пресрет на сите ранливи категории на кризата, изјави Тренчевска во Штип.
Се разгледува опцијата дали ќе бидат делени ваучери или средствата за поддршка ќе бидат уплатени на сметките на граѓаните или пак ќе има ваучери за купување на домашни производи.