Најголем дел од пензионерите се задоволни со нашата нова методологија која нуди постојан раст на пензиите и дава одлични резултати, рече Јованка Тренчевска, дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика и носителка на листа на ИЕ 4 на СДСМ, во Дневникот на ТВ Сител во врска со пензиите и нивниот раст.
– Методологијата дава резултат, 30 отсто е покачена пензијата само за 2 години, од март 2020 година до март 2024 година имаме 30 отсто покачување на пензијата. Оваа методологија дава видливи резулатати на краток рок, но тие се чувствуваат многу повеќе на среден и долг рок. Затоа велиме дека методологијата е добро решение затоа што усогласувањето 2 пати и кога ќе нема инфлација, сега инфлацијата е стабилизирана од 3 отсто. И кога ќе нема инфлација просечната плата постојано расте, во моментов просечната плата е 40.000 денари, без 2 денари, рече Тренчевска.