Бившата министерка за труд и социјална политика и актуелна претседателка на форумот на жени на СДС, Јована Тренчевска во подкаст на СДММ, на прашање со која историска личност би испила кафе, одговори дека тоа би бил Александар Македонски.
– Со Александар Македонски, за да му го покажам проектот Скопје 2014, порача Тренчевска.
Тренчевска со оваа „духовита изјава предизвика бура од смеа“ кај своите симпатизери. Да беше толку „духовита“ додека седеше на министерската фотелја немаше половина година да има „бура од протести“ на незадоволни пензионери низ Македонија, како и бројни други незадоволства од нејзиниот бивш ресор.
Кога би можело и кога Александар Македонски би прифатил да пие кафе со Тренчевска, веројатно таа покрај Воинот на коњ и другите споменици, ќе му го покаже и новото име со придавката Северна, како „споменик“ од владеењето на нејзината партија.
(Д. Г.)