Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерки и носи само делумни решенија без ефект. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, секогаш кога ќе најави мерки цената на дизелот поскапува. Мерките на СДСМ не се воведени до крај, а цената на оваа неспособност ја плаќаат граѓаните кои се соочуваат со нов ценовен шок токму пред велигденските празници, се вели во соопштението од СДСМ, во кое се пренесува прес-коференцијата на партиската потпретседателка Јована Треневска, а МИА го објавува интегрално.
Поскапени се: лебот, брашното, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, зејтинот…буквално се е поскапено.
Апсурд се изјавите и изговорите од власта.
Прво, Мицкоски тврдеше дека сме „трета економија во Европа“, додека неговата портпаролка Марија Митева вели дека БДП расте за 2,8%. Па ако сме трета економија во Европа зошто не се покачи минималната плата на 600 евра и зошто не се воведат посебни пакети помош за ранливите граѓани.
Вчера Мицкоски рече дека буџетот губи милион евра дневно.
Ако губиме милион дневно – зошто ги повикува граѓаните од соседните земји да точат гориво кај нас?
Зошто не се преземаат мерки за ограничување?
Граѓани на Македонија, вие го спонзорирате точењето гориво на вашите соседи!
Ова е уште еден доказ за погрешните економски политики на Владата – без стратегија, без навремена реакција и без грижа за граѓаните.
СДСМ навремено понуди 4 конкретни законски решенија за заштита на стандардот на граѓаните и стабилизација на цените:
Закон за укинување на ДДВ за основните прехранбени производи на 0%.
Закон за намалување на ДДВ на горивата на 5% а не како што е сега.
Закон за намалување на акцизите на горивата за 4 денари.
Преполовување на цените на патарините.
Компленто решение кое ќе значат вистинско намалување на цените на храната и на горивата.
Законските решенија се на собраниска седница, ги повикуваме пратениците да ги поддржат и конечно да застанат на страната на граѓаните.
Мицкоски да се пријави себе си во НАТО и ЕУ за поделби и дестабилизација
“За ова прашање треба да се најде решение и јазикот не е прашање во 21-ви век. Дефинитивно треба да се најде решение за да може секој да ужива во основните човекови права за она што е согласно закон. Меѓутоа, она што е проблем и што главни инспиратори на сите овие поделби се токму Мицковски и Владата. Денеска го слушнавме низ медиумите дека ќе пријавел во НАТО и во ЕУ за ова. Ете да му порчаме на Мицкоски тој да се пријави и во НАТО и во ЕУ, затоа што тој ја дестабилизира состојбата во државата. Овие прашања беа затворени прашања, но откако владата а на Мицковски и владата на ВМРО е на власт, повторно се поставуваат прашања за поделби“
Фото> СДСМ




