Тренерот на Ал Аин (ОАЕ) Зоран Мамиќ изјави дека финалната средба меѓу неговите фудбалери и Реал Мадрид на Светското клупско првенство ќе биде сеедно како „Смарт“ автомобил да се натпреварува против „Мерцедес“.
Сепак, Мамиќ смета дека постои шанса нивните многу попознати ривали да бидат совладани.
– Реал е најдобриот тим во светот, но понекогаш „Смарт“ автомобилот може да го победи „Мерцедес“.Ние не можеме да се споредиме со нив, но во финалето ќе ја претставиме нашата земја. Ќе треба да одиграме многу силен натпревар, а можеби и тоа ќе биде недоволно. Тимот е многу изморен, два пати игравме продолженија и пенали досега на турнирот. Јас не сум играл, а исто така се чувствувам изморен. Сепак сите ние сакаме да ја отежниме задачата на Реал и да ги искористиме нашите шанси, рече Мамиќ пред финалето.
Што се однесува до тоа дали Ал Аин има шанси за победа, тој додаде дека во спортот нема ништо невозможно.
– Ако имате сон, може да се случи еден ден среќата да ви се насмевне. Секогаш сакам да победувам, во сите натпревари и со секој тим, но сфаќам дека меѓу нас и Реал има толку голема разлика, како помеѓу „Смарт“ и „Мерцедес“, додаде хрватскиот стратег