Тренерот на Челси, Франк Лампард, се пожали на грешките во натпреварот со Манчестер јунајтед.
Тој изрази незадоволство од играта на своите избраници, но додаде дека „сините“ не заслужија ваков висок пораз.
– Четири грешки доведоа до голови. Ние сами треба да се обвиниме. Играта беше контролирана само во првиот половина час, а потоа беа донесени низа неуспешни решенија. При 2:0 и 3:0, на противник му беше полесно за играње. Не можам да бидам среќен со таква игра. Ако му дозволите на Манчестер да покаже брзина, тоа создава проблеми. Вие не можете да правите грешки на ова ниво. Немаме доволно ѕвезди, но не сакам ова да биде изговор. Сепак, Челси не требаше да загуби со ваков резултат.
Во дербите на првото премиерлигашко коло Манчестер јунајтед денес го победи Челзи со 4:0.