По два дена закани за бомби во средните училишта во градот Скопје, кои ја вознемирија јавноста, и денеска информации за нови евакуации.
Според информациите биле евакуирани средношколците од гимназијата „Никола Карев“.
На ова претходат два дена дојави за поставени бомби низ девет скопски средни училишта, за кои беше утврдено дека се лажни.
Како и претходните две, и денешната дојава за поставена бомба во едно училиште во Скопје се покажа како лажна пријава, информира МВР.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека случајот во СВР Скопје е пријавен околу 14 часот, откако на меjл адреса на училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа.
-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Превентивно се евакуирани и други училишта во Скопје и во тек се детални проверки и на овие објекти, велат од МВР. (МИА)