Трет ден по ред стотици демонстранти и денеска се собраа пред зградата на Министерскиот совет во Софија, јави агенцијата Бгнес.
Пред зградата е распореден полициски кордон.
Според агенцијата, граѓаните скандираат „Оставка” и „Мафија” и вејат бугарски и црни знамиња.
Протестот засега е мирен.
Полицијата во Бугарија уапси 18 лица после помалите судири за време на синоќешниот протест против корупција во центарот на Софија, недалеку од местото каде што се собраа приврзаниците на бугарската Влада.