Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул, попладнево загуби од Лестер со 3:1 на натпреварот на гостински терен од 24-то коло во Премиер лигата.
За избраниците на Јирген Клоп ова е трет пораз во низа во Премиер лигата.
На претходните два натпревара „црвените“ беа поразени од Манчестер сити (1:4) и Брајтон (0:1).
Ливерпул загуби за прв пат од ноември 2014 година во три последователни натпревари во англиската лига. Тогаш тимот го тренираше Брендан Роџерс, сегашниот тренер на Лестер.
По 24 натпревари Ливерпул има 40 бода и се наоѓа на 4. место, додека Лестер со 46 бода од 24 натпревари е на втората позиција.