Кошаркарите на ТФТ ја постигнаа третата победа во петтиот натпревар од регионалната АБА 2 лигата. Тие вечерва како гости го совладаа Борац Бања Лука со 80:62, притоа македонскиот претставник ги доби сите четири периоди.
Екипата од скопската населба Тафталиџе имаше водство во текот на целиот натпревар особено во вториот дел, кога во финишот на третиот период предноста беше и двоцифрена. Најефикасен на дуелот беше Гордон Виндел од ТФТ со 28 поени.
Со скор од 3-2 (победи-порази) ТФТ се изедначи со екипите на МЗТ Скопје Аеродром, Војводина и Слобода Тузла и се на делба од 5 до 8.место на табелата.
Следниот натпревар ТФТ го игра на домашен терен против Слобода Тузла на 21. јануари.




