Тревога беше издадена денеска за дел од хавајскиот архипелаг поради приближувањето на силниот ураган Лејн, кој веќе е четврта категорија на петстепената скала за моќност на ураганите.
Лејн се пресели на запад, но според прогнозите ќе сврти кон Хавајските Острови подоцна во текот на неделата, посочува Тихоокеанскиот центар за урагани. Центарот издаде портокалов код за главниот остров на американскиот архипелаг, како и за округот Мауи, составен од неколку острови, меѓу кои Ланај, Мауи и делови од Молокај. Тоа значи дека условите за урагани се предвидени за наредните 48 часа. ссм/20:10