Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија Скопје се регистрирани 17 алкохолни интоксикации, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години, информираат за МИА, од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Токсикологија – Скопје.
Како што посочија од клиниката, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица. По амбулантскиот третман ја напушиле клиниката.
Во пресрет на празниците од Службата за Итна медицинска помош и Универзитетската клиника за токсикологија упатија апел за умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, но и хронично болните редовно да ја земаат терапијата.