Лет за околу 200 патници на линија Лондон – Солун што обично трае три часа, се оддолжил на речиси 24 часа.

Поради магла на аеродромот во Солун, авион на Рајанер во петокот бил пренасочен и слетал во Темишвар во Романија. Компанијата им понудила со автобуси да ги префрли до Солун кој од Темишвар е оддалечен 770 километри.

89 патници одбиле таква понуда и таа група пристигнала синоќа доцна попладне во Солун.