Змијата, која деновиве се измолкна од Ѕидот на плачот во Еруслаим, крена бура во главниот град на Израел, бидејќи по некои еврејски учења, тоа е трет знак дека се ближи крајот на светот.

Овој знак доаѓа по раѓањето на црвеното теле и рибите, кои се појавија во Мртвото Море. Некои библиски изучувачи сега се плашат дека тоа се три докази дека апокалиптичните пророштва се исполнуваат едно по друго.

Видеото со змијата, која излегува од Ѕидот на плачот, а потоа го брка гулабот, го споделија многу еврејски блогери.

-Лош знак, персонифициран во змија од Еден, повторно ќе се појави во деновите пред Месијата, пишува порталот „Брејкин њуз Израел”.

Тие додаваат дека голубот, кој го исплаши змијата, е уште еден показател дека живееме во „опасни времиња”.

РИБИ ВО МРТВО МОРЕ

Минатиот месец израелскиот фотограф Ноам Бедеин објави слики од живи суштества во мали сеноти ( дупки исполнети со подземна вода опколена од карпи) околу Мртвото Море. Тој тврди дека на истото место забележал и растенија.

Во Библијата пишува дека земјата на која се наоѓале Содом и Гомора по нивното уништување станала неплодна пустина.Според многумина, токму тука сега се наоѓа Мртвото Море.

Езекиел, свештеник и еден од пророците на Стариот завет, рекол дека пред крајот на светот солените и пустите води повторно ќе бидат полни со живот. За оваа негова реченица сега се фатија многу учени.

– И сите животни што се движат, кога и да дојдат на оваа реки, ќе бидат живи и ќе има многу риби, бидејќи кога ќе дојде оваа вода таму, другата ќе стане здрава, и сè ќе биде живо каде и да дојде оваа река – пишува во 47 глава во книгата на Езекиел.

Бедеин за локалните медиуми изјави дека кога ќе дојдете до Мртвото Море, најниската точка на Земјата, ќе видите дека ова пророштво се реализира.

„Ова место е проколнато во библиски времиња, а сега можете да дојдете овде, да ги истражувате дупките и да ги видите рибите на места каде што нивото паднало – за сето ова говореше Езекиел, дека Земјата ќе се процвета кога Евреите ќе се вратат”, вели  тој.

ЦРВЕНО ТЕЛЕ

Еден месец пред рибите, уште еден настан ја разбранува јавноста жедна за апокалипса – првото „црвено теле по 2000 години” се роди во Израел.

Во христијанството и јудаизмот, раѓањето на црвеното теле во Светата земја е еден од главните индикатори на блискиот крај на светот.

Што мислите за ова?