Изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш почнаа денеска. Инвестицијата за патот во должина од 23,5 километри, изнесува  27 милиони евра.

Новиот експресен пат ќе има две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од по два метри.

Изградбата на овој експресен пат, кој ќе овозможи побрз транспорт на патници, но и на земјоделските производи од струмичкиот и радовишкиот регион треба да заврши во рок од три години, а новата траса ќе почнува од клучката за штипскиот затвор и село Софилари до клучката кај радовишкото село Бучим.

Патот го гради компанијата „Штрабаг“, која е избрана за најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој