Манчестер сити го победи Манчестер јунајтед со 6:3 попладнево во дербито на 9.коло во Премиер лигата. Најдобар играч на натпреварот беше Ерлинг Халанд кој постигна три гола и две асистенции.

За Норвежанецот ова беше 15-ти хет-трик во кариерата и трет како фудбалер на Сити. Претходно Халанд три гола на еден натпревар постигнуваше во дресот на Салцбург (пет пати), за Борусија Дортмунд (четири пати), за норвешката репрезентација – два и еднаш за Молде.

Сити по осум натпревари во Англиското фудбалско првенство е втор на табелата со 20 бода, Јунајтед има 12 бодови од седум натпревари.

Лидер е Арсенал со 21 бод од осум натпревари.