Три илјади навивачи на Интер ќе можат в сабота да влезат на стадионот „Сан Сиро“ на натпреварот од 35. коло во Серија А против Сампдорија за да ја прослават со играчите шампионската титула, прва по пауза од 11 години.
„Сан Сиро“ има капацитет од 76.000 седишта, а за 3.000 навивачи на Интер ќе биде обезбеден посебен влез со цел да се утврди нивниот идентитет. Тоа на надлежните ќе им послужи како список со контакти доколку некој од нив се зарази со коронавирус. Надлежните најавија дека секое кршење на епидемиолошките мерки ќе биде строго санкционирано.
Милански Интер минатата викенд, на четири кола пред крајот на првенството, ја обезбеди својата 19 шампионска титула и прва од 2010 година кога „црно – сините“ ги предводеше Жозе Мурињо, а дел од тимот беше и македонскиот репрезентативец Горан Пандев.
Десетици илјади навивачи на Интер во саботата ја славеа титулата на градскиот плоштад „Пјаца де Дуомо“ без почитување на превентивните мерки за заштита од коронавирус.