Европската комисија порача дека е многу загрижена поради тоа што три од седумте земји со највисока стапка на мали сипаници се земји членки на ЕУ.
– Ниската имунизација во една земја ги става во опасност безбедноста и здравјето на граѓаните во цела Европа. Вакцинацијата е акт на солидарност, изјави Анка Падурару, портпаролка на ЕК.
Изјавата се однесува на Италија, Франција и Грција.