Земјотрес со интензитет од најмалку 6,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистиран во Тихиот Океан во близина на француската прекуморска територија Нова Каледонија, откако претходно истиот регион го погодија потреси со јачина од 7,5 и 6 степени.
Последниот земјотрес се случил 7.43 минути по средноевропско време.
По најсилниот од трите потреси, што се случи во 5.18 часот по средноевропско време, кој според според Американскиот геофизички институт, бил на длабочина од 10 километри со епицентар на 160 километри источно од градот Тадин, Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека е можна појава на големи бранови.
Според Центарот, во реоните на Нова Каледонија и Вануату можни се бранови високи од еден до три метри, а во областа на Фиџи до еден метар.
Првиот од серијата од трите потреси со интензитет од 6 степени според Рихтер, бил регистриран во 5.14 часот по средноевропско време.
Засега нема инфорамции за жртви или предизвикани материјални штети од земјотресите.