Во Австрија при активирање на огномет настрада 17-годишно момче, а двајца Холанѓани настрадале во два одвоени случаи во текот на прославата на новогодишната ноќ.
Австриската полиција соопшти дека тинејџерот се обидел да ја запали „топчестата бомба“ во метална цевка, кога таа изненадно експлодирала и му нанела тешки повреди на главата, пренесува Асошиејтед прес, додавјќи дека момчето подоцна починало во болница.
Набрзо по полноќ, во Холандија е пронајдено тело на маж на улица, а полицијата смета дека настрадал од последици од експлозија на огномет.
Во градот Мора, исто така во Холандија, 41-годишен маж починал од последици од огномет. Засега не се познати деталите за оваа несреќа.