Еден од „симболите на денешната власт“, ексновинарот и гласноговорник на актуелната власт, од времето на експремиерот Зоран Заев и денешниот Димитар Ковачевски, и „револуционер“ од тн. шарена револуција, Бранко Тричковски, го сквернави еден од најголемите датуми во историјата на Македонија.
Тој под наслов „Празник“ на Фејсбук денеска објавува:
– Да го славиме Денот на ВМРО како национален празник е исто како Израел да го слави Денот на формирањето на Хамас, објави Тричковски.
Шарениот револуционер продолжува да мудрува за денешениот празник:
– Географијата и историјата се драматично опасни координати на македонското постоење. Кои не можеме да ги промениме. И затоа е време да се запрашаме можеме ли од таа драма на постоењето да излеземе така што самите ќе се промениме? Тоа е наша работа. И единствена шанса. Никој не може да ни забрани да се откачиме од ВМРО и од другите смрдливи митови и лаги и да се закачиме за стварноста. Не да живееме во стварност што си ја произведуваме како пици во политичките и културолошки фурни, туку стварната стварноста да ја менуваме така што ќе се менуваме себе си. Што славиме денеска? Ќе продолжиме ли со старите тралалајки за славните јунаци или ќе го кренеме чаршавот да видиме дали сме се исрале во креветот. И ако сме се испосрале да ги исчистиме остатоците од нашиот дефектен метаболизам. Историски и географски не можеме да ја изместиме и промениме Македонија, но можеме тоа да го направиме така што ќе ја олабавиме нашата македонскост, а ќе ја зајакнеме нашата индивидуалност и како успешни поединци ќе се обидеме да ја кренеме Македонија. Која во овој формат не гуши и не ни дава да дишеме најмалку толку колку што ние тоа и го правиме на неа, пишува поранешниот новинар Тричковски во друга објава на Фејсбук.
Тоа е само уште еден показател до која мера се одродени денешните „шарени револуционери“, кои под паролата „за европска Северна“ ја сквернават борбата на илјадниците вистински македонски револуционери и борци кои ги дале и животите за слободна Македонија.
(Д. Г.)